Линкови за пристапност

Масивни експлозии во Кина


Загинале најмалку 44 лица, а стотици се повредени; Нема индикации за причината

Најмалку 44 лица се убиени и стотици други повредениво серија силни експлозии во складиште за опасни материјали во североисточниот кинески пристанишен град Тианџин доцна во средата.

Слики и видео снимки покажуваат гигантски огнови и голем облак во споредба со кој висококатници во близина изгледаат минијатурни. Експлозиите предизвикале бран последователни потреси кои ги вознемириле жителите неколку километри оддалечени од местото.

Нема индикации за причината на експлозиите. Тианџин е на североисток во Кина, на околу 150 километри југоисточно од Пекинг и е дом на повеќе од седум милиони луѓе. Тоа е четврти град по големина во државата.

XS
SM
MD
LG