Линкови за пристапност

Поранешниот претседател Картер има рак


Џими Картер има 90 години и неодамна ја заврши турнејата за промоција на неговата најнова книга.

Поранешниот американски претседател Џими Картер во среда соопшти дека има рак откриен неодамна при операција на црниот дроб.

Картер, кој има 90 години, дијагнозата ја соопшти во куса изјава. Тој не даде поединости за каков рак се работи, велејќи само дека е во „други делови“ на неговото тело.

„Пошироко соопштение ќе биде издадено кога фактите ќе бидат попознати, веројатно следната недела“, кажа тој. Триесет и деветиот претседател ќе биде на третман во болница во Атланта.

Претседателот Барак Обама зборувал со Картер во средата навечер и му посакал брзо опоравување.

Картер имал операција за отстранување на мала маса на црниот дроб на трети август.

Од напуштањето на функцијата во 1981, поранешниот претседател воспоставил Фондација Картер и го пропатува светот работејќи на прашања како здравствена заштита, глобална демократија и права на децата, како и за домови по пристапни цени.

Тој неодамна ја заврши турнејата за промовирање на неговата книга „Полн живот: Сеќавања на 90 години. Тој има напишано над 20 книги по заминувањето од претседателската функција.

XS
SM
MD
LG