САД велат дека започнале со летачки мисии со екипаж од турската воздухопловна база за изведување напади против цели на Исламската држава во Сирија.
Пентагон објави соопштение доцна во средата во кое се вели дека воздушни напади со Ф-16 започнале порано во денот, лансирани од воздухопловната база Инџирлик, во јужна Турција.
Коалицијата започна да изведува мисии без екипаж порано месецов.
Турција се согласи минатиот месец да дозволи на американските сили да ја користат базата Инџирлик во близина на јужната граница на Турција со Сирија.
Официјални лица го опишаа планот како напор да се креира „Слободна зона од Исламската држава“ што се протега на околу 100 километри во должина во северна Сирија. Таа нема да вклучи зона на забрането летање во регионот, и покрај долготрајните барања за таква од турската влада.
САД водат коалиција на држави кои изведуваат воздушни напади против цели на Исламската држава во Сирија од септември минатата година.