Линкови за пристапност

Кометите – вселенски лаборатории


Научниците ги анализираат податоците добиени од сондата Фили која се спушти на движечка комета пред девет месеци

Научници од Европската вселенска агенција велат дека кометите можеле да служат како вселенски лаборатории во кои некои од основните елементи на животот се составуваат.

Минатиот ноември Агенцијата успешно спушти вселенско летало Фили на замрзната површина на комета во движење.

По девет месеци, научниците на агенцијата започнуваат да споделуваат голема количина на дата што Фили ги собралa во првите 60 часови од површината на кометата, пред да бидат истрошени батериите.

Висок советник на Агенцијата, Марк Когрин, кажа дека кометата било најдено дека содржи 16 органски соединенија, што покренало повеќе прашања за улогата на кометите во формирањето на животот на земјата.

Истражувачите велат дека датата била собрана во часовите по одвојувањето на Фили од орбитерот, а спуштањето траело околу седум часа. Сондата користела радио бранови за истражување на јадрото на кометата.

Научниците дознале дека кометата е прилично порозна, што за нив е индикација за присуство на воден мраз или мраз од јаглероден диоксид.

Инструментите индицираат дека мразот содржел мали зрнца на силикати, молекули богати со јаглерод, како и хидроген, азот и кислород. Испитувањето покажало дека има и соединенија, вклучувајќи ацетон, кој никогаш порано не бил откриен на комета.

И покрај откритијата, научниците велат дека нема дефинитивен заклучок дека имало живот на кометата.

XS
SM
MD
LG