Линкови за пристапност

Кери: Неодобрување може да ги дестабилизира односите со сојузниците


Конгресот има 60 дена за ревизија на договорот со Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека конгресното одбивање на нуклеарната спогодба меѓу Иран и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија, постигната јули годинава, би можело да ги дестабилизира односите на САД со сојузниците по други круцијални прашања.

На тркалезна маса во Вашингтон, Кери кажа дека тоа би предизвикало американските сојузници да се откажат и од обединетиот став за поддршка на Украина во борбата против проруските бунтовници во источниот дел на земјата.

Конгресот има 60 дена да се изјасни спогодбата, а претседателот Барак Обама најави дека ќе стави вето доколку Конгресот изгласа неодобрување, но неговото вето би можело да биде поништено со дво-третинско мнозинство во Конгресот.

XS
SM
MD
LG