Линкови за пристапност

Клинтон вели дека ги предала сите имеил-пораки


Изјавата поднесена до федерален суд носи казна за лажно сведочење доколку судот утврди дека таа намерно фалсификувала информација.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон потпишала официјален судски документ во кој вели дека ги предала сите релевантни имеил пораки испратени и примени на нејзината лична имеил адреса за време на вршење на функцијата главен дипломат на државата.

Изјавата потпишана од Клинтон била поднесена до федерален суд во понеделникот и носи казна за лажно сведочење доколку судот утврди дека таа намерно фалсификувала некоја информација.

Клинтон, која се бори за демократска претседателска номинација за изборите во 2016-та, беше испитувана последниве месеци откако откри дека користела лична имеил адреса за испраќање официјални пораки. Таа кажа дека предала над 55.000 страници на имеил пораки на Стејт департментот и ја авторизирала агенцијата да ги објави пораките.

Изјавата била поднесена како дел од судската постапка покрената од конзервативна група, Judicial Watch, која бара пристап до информации за Клинтон поврзани со нејзината служба во Стејт департментот за време на првиот мандат на претседателот Барак Обама.

Американскиот Оддел за правда разгледува можност за истрага по евентуална компромитација на чувствителни информации од имеилите на Клинтон, но вели дека тоа нема да биде кривична постапка. За време на појавување на кампањски настан, во централната држава Ајова минатата недела, Клинтон кажа дека никогаш не примила класифицирана информација преку нејзината лична адреса.

XS
SM
MD
LG