Линкови за пристапност

Руски хакери упаднале во електронската пошта на Пентагон


Медиумите велат дека не е јасно дали нападот бил санкциониран од руската влада или бил работа на поединци.

Американските медиуми известуваат дека хакери со седиште во Русија пенетрирале во мрежата на електронска пошта на Заедничкиот генералштаб во Пентагон, што довело до двонеделно затворање на системот.

Медиумските извештаи цитираат претставници на Пентагон кои го потврдиле кибернетскиот напад.

НБЦ, што прва ја објави веста, кажа дека не е јасно дали нападот бил санкциониран од руската влада или бил работа на поединци.

Нападот се случил околу 25-ти јули и зафатил армиски и цивилен персонал од околу 4.000 на број. НБЦ цитирајќи неименувани извори, кажа дека не била земена ниту компромитирана класифицирана информација но дека Пентагон го затворил имеил-системот на Здружениот генералштаб за време на истрагата по упадот.

Американски официјални лица неодамна потврдија дека околу 21 милион вработени во владата, договорни работници и други имаат компромитирани лични информации во два кибернетски напади за кои има сомневање дека потекнале од Кина.

XS
SM
MD
LG