Линкови за пристапност

Педесет години од Актот за гласачки права во САД


Документот го потпиша американскиот претседател Линдон Џонсон во 1965-та по што следеа години на протести

Претседателот Линдон Џонсон го потпиша Актот за граѓански права што нашироко се смета за најефектната остварена легислатива за граѓански права во историјата на САД.

„Нема да запреме се` додека Американците од сите раси, сите бои на кожата и потекло имаат исти права и учествуваат во демократскиот процес“, кажа тој.

Актот ги збриша бариерите на локално ниво и на ниво на сојузните држави со коишто на Југот, поради расната дискриминација, црнците беа спречени да гласаат. Даде и федерална поддршка на 15-от амандман на Уставот на САД, со којшто Афроамериканците добија право на глас.

Џон Луис, сега конгресмен, за малку ќе загинел за време на маршот за граѓански права во Селма, Алабама во 1965-та. Сцените на насилство, кога полицијата ги нападна мирољубивите демонстранти, предизвикаа жестока реакција на национално ниво и доведоа до ескпресно усвојување на Актот.

Профеорката по политички наука Андра Гилеспи вели дека федералната влада во тоа време започнала обемна акција за регистрирање на афроамериканските гласачи.

„Бројот на гласачи меѓу Афроамериканците растеше експоненцијално кон крајот на 1960-те и почетокот на 70-те. Стотици илјади црнци на југот добија можност да гласаат“, вели Гилеспи.

Педесет години подоцна, поранешната градоначалничка на Атланта Ширли Френклин коментира како Актот и` дал можност да дојде на функција:

„За среќа, други луѓе видоа нешто во мене коешто јас не го гледав. Ме охрабрија да се кандидирам за функција. Оттогаш, мојата мисија е да ги охрабрувам другите да го чинат истото“, кажа Френклин.

Политичките аналитичари наведуваат дека Актот за гласачки права претставува победа за целата земја со тоа што еден од најмоќните инструменти на демократијата – правото на глас – стана еднакво за сите.

XS
SM
MD
LG