Линкови за пристапност

Осуммина починати од Легионерската болест во Њујорк


Деведесет и две лица биле хоспитализирани и 48 биле третирани и отпуштени.

Бројот на смртни случаи од избивањето на Легионерската болест во Њујорк, сега е осум.

Здравствените преттавници на Њујорк велат дека 97 лица биле дијагностицирани со бактериската болест откако таа за прв пат се појави минатиот месец. Деведесет и две лица биле хоспитализирани и 48 биле третирани и отпуштени. Властите велат дека осум лица кои умреле биле постари возрасни здравствени проблеми од порано.

Трагата на сегашното избивање води до пет разладни кули во Бронкс, кои од тогаш биле деконтаминирани.Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио порано неделава кажа дека нова легислатива што бара инспекции, санкции и друга регулатива за сопствениците на недвижнини чии згради покажале позитивен резултат за болеста ќе биде презентирана неделава за да се спречи нејзино избивање во иднина.

Легионерската болест е предизвикана кога вода контаминирана со бактерии е вдишана во белите дробови. Во целата држава има 2.400 случаи оваа година.

Болеста го добила името од првиот пат кога се појавила, во 1976, кога во хотел во Филаделфија се одржувала средба на Друштвото на американската легија.

XS
SM
MD
LG