Малезискиот министер за сообраќај вели дека други делови од авион биле лоцирани на островот Ријунион во Индискиот Океан, каде парче од крило на исчезнатиот малезиски авион беше откриено минатата недела.
Лиов Тионг Лаи вели дека новопронајдените делови вклучуваат перничиња од седишта, прозорци и други делови. Но иако тој заклучи дека предметите се делови од авион, тој не можеше со сигурност да тврди дека припаѓаат на Малезија Ерлајнс, од летот МХ370.
Порано, малезискиот премиер Наџиб Разак потврди дека делот наречен флаперон најден на плажа на Остовот Ријунион минатата недела бил дел на исчезнатиот Боинг 777, што исчезна пред 17 месеци без трага.
Но, стручњаци во Париз, каде делот беше однесен за анализа, се` уште не се подготвени да кажат со сигурност дека тоа што е најдено на француска територија е дел од исчезнатиот авион. Француски обвинител кажа дека има „силна претпоставка“ оти е од МХ370, но дека нивните наоѓања се` уште не можат да бидат потврдени.