Линкови за пристапност

Еднократна помош за настраданите во висина од илјада евра по семејство


Bладата на денешната седница одлучи и на граѓаните чии домови настрадаа во поплавите да им биде доставена храна, вода и лекови.

Советот на општината Тетово прогласи дводневна жалост за настраданите во поплавите кои се случија вчера на територија на оваа општина. Општината исто така одлучи на оштетените домаќинства да им се додели еднократна финансиска помош во висина од илјада евра.

Од своја страна владата одржа вонредна седница на која беа донесени одлуки за помош на настраданите во поплавите кои покрај жртви оставија големи материјални штети во тој регион.

„Се работи за исклучително тешка ситуација со несоглеливи последици, тргнувајќи пред се` од загубата на човечките животи. Има четири жртви од оваа катастрофа, има и повредени лица, не би сакал да шпекулирам во однос на материјалната штета, но тоа што го видов на лице место се работи за огромна материјална штета“, рече Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Владата формираше и координативно тело составено од вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за животна средина Нурхан Изеири и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Владата на денешната седница одлучи на граѓаните чии домови настрадаа во поплавите да им се достави хрна, вода и лекови, а ќе има и еднократна парична и дополнителна помош за санација на штетите по вчерашното невреме.

Владина комисија ќе врши и проценка на севкупното оштетување на имотот од поплавите по што ќе се утврди и висината на штетата и висината на помошта што владата ќе ја додели.

„Првичната оценка е дека се оштетени над 200 објекти, што значи дека на оваа Комисија ќе и треба можеби до месец и половина, но најважно е таа да направи реален увид и реално да биде проценета штетата. Се донесе заклучок да се доделат опрема, обувки, алишта и се` она што има на располагање во Агенцијата за одземен имот, а која може да биде од помош во периодот кој следи“, рече Владимир Пешевски , вицепремиер за економски прашања.

Владата донесе заклучок да се доделат по 30 илјади денари за секоја фамилија. Центарот за јавно здравје во Тетово ќе ja следи состојбатa со водата за пиење и чистењето на улиците.

XS
SM
MD
LG