Ново истражување на јавно мислење во САД покажува дека два на еден Американец се против меѓународниот договор за ограничување на иранската нуклеарна програма и мислат дека тој ќе го направи светот помалку безбеден.
Истажувањето е објавено во понеделник од Квинипек Универзитетот во Конетикат и покажува дека регистрирани американски гласачи со 57 проценти на 28 проценти маргина, се против договорот на САД и пет други светски сили што е склучен минатиот месец со Техеран.
Пактот го спречува Иран да гради нуклеарно оружје во наредните години во замена за симнување на санкциите од запад и од ОН на Иран што и` нанесуваа штета на економијата на државата.
Со слична маргина, 58 спрема 30, гласачите кажаа дека договорот ќе го направи светот помалку безбеден. Вкупно 1.644 луѓе биле анкетирани. Останатиот дел на анкетираните рекле дека немаат мислење.
Американскиот Конгрес е среде 60-дневната ревизија на пактот и се очекува да гласа наредниот месец за тоа дали да го прифати или отфрли. Но ако биде отфрлен, претседателот Барак Обама вети вето на легислативата, што ќе го присили Сенатот и Претставничкиот дом да обезбедат двотретинско мнозинство за да го поништат ветото.