Линкови за пристапност

Голем пад на акциите на грчката берза


Грчкиот пазар на акции отвори за прв пат по пет недели во понеделник, забележувајќи двоцифрена загуба на индексот на атинската берза

Грчките акции нагло паднаа во понеделник кога атинската берза за прв пат отвори по пет недели. Индексот на размена изгуби близу 23 проценти во првите моменти на трговија.

Акциите постепено се креваа, за по два часа индексот да има загуба помалку од 19 проценти.

Владата ја затвори берзата на акции кон крајот на јуни кога исто така ги затвори и банките и постави ограничување на повлекувањето на пари како одговор на должничката криза во државата.

Грција постигна договор за нов пакет помош од Европската унија и Меѓународниот фонд минатиот месец и повторно ги отвори банките на 20 јули. Контролата на капиталот се` уште постои и владата продолжува да преговара со кредиторите за прецизирање на условите за новиот пакет помош што може да има вредност од 94 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG