Линкови за пристапност

Обама ќе објави план за намалување на загадувањето


Целта е централите да ја намалат емисијата на јаглерод за 32 проценти под нивото од 2005-та до 2030-та.

Американскиот претседател Барак Обама во понеделник ќе претстави нова регулатива со цел да се намали загадувањето со јаглен од енергетските централи во државата.

Планот на Обама за чиста енергија е за намалување на зависноста од електрична енергија добиена од централи на јаглен и минување на обновлива енергија.

Целта е централите да ја намалат емисијата на јаглерод за 32 проценти под нивото од 2005-та до 2030-та. Планот ја намалува емисијата за околу девет проценти подлабоко од прелиминарната верзија на регулативата објавена минатата година.

Поединечни држави ќе бидат одговорни за донесување сопствени планови за да одговорат на целта, но според новиот план тие ќе имаат уште две години да го сторат тоа. Планот треба да стане правосилен до 2022-ра.

Претставници на Белата куќа велат дека новата верзија, доколку биде имплементирана, ќе ја зголеми количината на струја во САД, која се генерира од обновливи енергетски извори до 28 проценти.

Претседателот на видео постирано на Фејсбук страницата на Белата куќа во неделата кажа дека климата се менува и дека „прашањето не е „проблем за уште една генерација“.

Планот се очекува да наиде на опозиција со поставувањето на прашањето за цената на реформите и влијанието на конзументите од страна на компаниите за струја и Конгресот предводен од републиканци. Белата куќа вели дека проектите во просек ќе им заштедат на домаќинствата по 85 долари годишно на сметките за електрична енергија до 2030-та.

Судски жалби на регулативата се очекуваат од 25 држави, и најверојатно постапките ќе завршат пред Врховниот суд.

XS
SM
MD
LG