Линкови за пристапност

Рутинско запирање - трагичен крај


Инцидент меѓу полицаец и Aфроамериканка во Тексас
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:25 0:00

Полициска снимка покажува конфронтација меѓу сообраќаен полицаец и Афроамериканка во Тексас

Видео-снимка од камера во полициски автомобил покажува како рутинско запирање во сојузната држава Тексас ескалира во конфронтација меѓу сообраќаен полицаец и Афроамериканка. Таа подоцна беше пронајдена мртва во ќелијата каде што беше притворена.

Сандра Бланд од Чикаго на 10-јуни била сопрена за мал прекршок, затоа што не дала сигнал при престројување. Откако полицаецот Брајан Енсинија ќе и` ја врачи казната, и` вели дека наликува дека е иритирана. Таа возвраќа дека е иритирана затоа што се престроила во друга сообраќајна лента за да создаде простор за полициското возило, а добива казна затоа што не дала сигнал за тоа.

Фотографија направена по приведувањето на Бланд
Фотографија направена по приведувањето на Бланд

Кога Бланд го одбива повикот на Енсинија да ја згасне цигарата, тој бара од неа да излезе од возилото. Бланд одбива и Енсинија насилно ја отстранува, а на крајот вади и пиштол со електрошок. Додека се расправаат со повишени гласови, Енсинија ја води Бланд кон тротоарот и надвор од видното поле на камерата. Бланд го обвинува Енсинија дека и` ја треска главата од земја, а тој и` повторува да не се спротиставува.

Полицијата во Тексас вчера објави и снимка од затворот на којашто се гледа ќелијата каде Бланд била притворена по приведувањето, а потоа пронајдена мртва. Иследникот заклучи дека се работи за убиство, но семејството чека на резултатите од дополнителната обдукција којашто тоа самото ја нарача. Според полицијата, чуварите ја нашле Бланд со јамка околу вратот направена од пластичната кеса за ѓубре во нејзината ќелија. Окружниот обвинител соопшти дека конечната одлука за тоа што се случило ќе биде донесена во зависност од доказите коишто во моментов ги собираат властите. Во истрагата се вклучи и ФБИ.

Афроамерикански верски водачи побараа истрага да покрене и Одделот за правда, тврдејќи дека биле прекршени граѓанските права на Бланд поради нејзината расна припадност. Во медиумите се појавија и шпекулации дека снимката од апсењето можеби е селективно едитирана пред да биде објавена, затоа што може да се забележи дека се скокнати неколи делови, на што полицијата возврати дека тоа се должи на технички проблеми.

Случајот доаѓа во време кога вниманието на јавноста на национално ниво е се` повеќе насочено на односот на полицијата кон Афроамериканците, преку неколку случаи на конфронтација коишто завршија трагично.

XS
SM
MD
LG