Линкови за пристапност

Јужна Каролина го симна конфедеративното знаме


Знамето се вееше кај државниот Капитол над 50 години.

Припадници на почесна гарда на Јужна Каролина го симнаа конфедеративното знаме што се вееше на локацијата на државниот Капитол во јужната американска држава повеќе од 50 години.

Толпа од стотици луѓе од двете раси го поздрави чинот со радосни извици додека го гледаше отстранувањето на историското знаме од официјалното место, ден што многумина во државата мислеа дека нема никогаш да дојде.

Неколкумина вееја американски знамиња – со ѕвезди и линии.

Потегот доаѓа три недели по расно инспирарано убиство на деветмина Африкански Американци, членови на црква во Чарлстон, Јужна Каролина.

Надвор од Капитолот, луѓето кои го поддржуваа симнувањето на знамето далеку ги надминаа оние кои беа разочарани.

Многу спортисти и забавувачи одбиваа да дојдат во Јужна Каролина заради тоа прашање.

Знамето беше симнато еден ден откако гувернерката Ники Хејли го потпиша законот поддржан од демократите и републиканците, а донесен од законодавците на Претставничкиот дом кој по усвојувањето на законот во државниот Сенат, имаше 13 часовна дебата со силен емоционален набој.

XS
SM
MD
LG