Американската канцеларија за менаџмент на персоналот сега вели дека хакери украле чувствителни информации што инволвира 21,5 милиони луѓе од база на податоци на федералната влада.
Распонот на пробиените податоци, за кој се верува дека е најголем во историјата на САД, порасна драматично откако владата откри порано годинава дека хакери влегле во базата на лични податоци на владината агенција и украле информации на 4,2 милиони луѓе. Во четвртокот официјални лица признаа дека втор „одвоен, но поврзан“ упад во системите што чуваат приватни податоци кои поединци ги поднеле за време на проверка на нивната историја за да можат да работат во владата.
Вториот инцидент, вели Агенцијата, инволвира 19,7 милиони луѓе кои минале низ проверки и 1,8 милиони од нивните сопрузи и други кои никогаш не аплицирале за безбедносна проверка. Меѓу податоците што хакерите ги украле биле криминални, финансиски, здравствени, работни и станбени истории, како и информации за нивните семејства и познаници.
Првиот напад бил фокусиран на истраги за историјата на лицата на сегашни и поранешни вработени.
Официјални лица приватно ја обвинуваа Кина за хакерството, но во конференциски телефонски разговор за тоа дали САД ја држат Кина за одговорна, претставник на Советот за национална безбедност на САД, Мајкл Даниел, кажа дека истрагата по случајот е во тек. Тој не сакаше да коментира за тоа кој е одговорен.