Линкови за пристапност

Продолжува напорот за склучување договор за иранската нуклеарна програма


Страните се опримистични дека е можно постигнување на договор пред најновиот самопоставен и веројатно последен рок кој истекува во петок.

Дипломатските напори на високо ниво за конечно запечатување на сеопфатен меѓународен договор за иранската нуклеарна програма продолжија на неколку фронтови во четвртокот, само еден ден пред најновиот и можеби конечен самопоставен рок.

Рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека двете страни „се на работ“ на постигнување на договор. Но тој исто така зборуваше за тоа што се гледа како на најголемо преостанато прашање што стои на патот на постигнување на договорот, велејќи дека Русија го поддржува притискањето од страна на Иран за кревање на ембаргото поставено од ОН.

Западни официјални лица кажаа дека се против прекин на ембаргото и дека прашањето не треба да биде дел од овие преговори. Основниот договор би требало да ги крене економските санкции спрема Иран во замена за ограничување на нуклеарната активност на државата.

Лавров планира да се врати во Виена од Русија, каде тој и кинескиот Министер за надворешни работи Ванг Ји отпатуваа за самит.

Американски извор близок на разговорите, за Гласот на Америка изјави дека министрите за надворешни работи не мора физички да се присутни во Виена за заклучување на договорот, но дека изворот би „можел да замисли дека тие би сакале да бидат таму“.

Другите министри за надворешни работи од групата кои ги вклучуваат САД, Британија, Франција и Германија, се сретнаа на еден час во четврток во Виена заедно со шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и претставници од Русија и Кина. Американскиот државен секретар Џон Кери потоа се сретна со иранскиот Министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Во меѓувреме американскиот Секретар за енергија Ернест Мониц и иранскиот шеф за нуклеарна енергија Али Акбар Салехи изразија надеж пред одвоените средби во четврток дека процесот привршува.

XS
SM
MD
LG