Грчкиот премиер Алексис Ципрас во четврток се среќава со претставници на министерството за финансии, еден ден откако задолжената држава побара од европските соседи нов тригодишен пакет помош.
Ципрас и неговите соработници работат на финализирање на планот за реформи пред петочниот рок. Премиерот го поврза своето барање за „моментално имплементирање " на даночните и пензиските реформи.
Кредиторите се очекува да донесат одлука по барањето за нова помош по самитот на 28-те членови на ЕУ во недела.
Ако не биде дадена помош, Атина најверојатно ќе треба да излезе од 19-члениот блок на држави со заедничка валута. Би станала прва држава што ја напушта еврозоната во нејзината 16-годишна историја.
Грција зеде повеќе од 300 милијарди долари помош до сега, за последниве пет години.