Линкови за пристапност

Јужна Каролина изгласа отстранување на знамето на Конфедерацијата


Со 94-20 гласови по 13-часовна дебата предлог-законот беше усвоен во Претставничкиот дом на сојузната држава.

Законодавците во Претставничкиот дом на Јужна Каролина ја одобрија мерката за отстранување на конфедеративното знаме од локацијата на Капитолот на сојузната држава во главниот град Колумбија.

Предлог-законот мина рано утрината во четврток со 94-20 гласови при конечното гласање, по повеќе од 13-часовна дебата. Противниците на мерката, која со големо мнозинство беше потврдена од Сенатот на државата во вторникот, понудија над 60 амандмани за време на дебатата со цел да го одложат или да дури да го оневозможат донесувањето на документот.

„Ова е нов ден за Јужна Каролина“, кажа гувернерката Ники Хејли на нејзината Фејсбук страница, „ден на кој сите може да бидеме горди, ден кој ќе не обедини во време кога заздравуваме, како еден народ на една држава“.

Гласањето во четврток го заврши интензивниот напор што започна откако деветмина верници во црква за црнци беа убиени од наводен расист на 17 јуни. Фотографии кои подоцна се појавија од Даниел Руф, го покажуваат како држи знаме на Конфедерацијата, што црнците го сметаат за симбол на ерата на ропство во американскиот југ и симбол на доминација на белците.

Знамето ќе биде отстрането во рок од 24 часа откако Хејли го потпише актот со што ќе стане закон, и знамето ќе биде ставено во музеј.

XS
SM
MD
LG