Линкови за пристапност

Расправа во Јужна Каролина за симнување на конфедеративното знаме


Сенатот на сојузната држава го поддржа предлогот, сега прашањето е во Претставничкот дом

Претставничкиот дом на Јужна Каролина во среда започнува дебата по предлог законот за отстранување на знамето на Конфедерацијата од времето на Граѓанската војна од локацијата на Капитолот на сојузната држава, каде се вее веќе 50 години.

Предлог законот поддржан од демократите и од републиканците, беше со големо мнозинство одобрен од државниот Сенат во вторник, со 36 спрема 3 гласа.

Граѓаните и политичарите низ Јужна Каролина вклучувајќи ја републиканската гувернерка Ники Хејли, бараат знамето да биде симнато по инцидентот кога бел расист наводно масакрирал деветмина црни членови на африканската методистичка епископална црква Емануел, во Чарлстон на 17 јуни.

Обвинетиот Дилан Руф бил виден како носел конфедеративно знаме на слики направени пред убиствата.

XS
SM
MD
LG