Линкови за пристапност

Разговорите со Иран пробија уште еден рок


Западен дипломат во австрискиот главен град доцна во вторникот кажа дека преговорите се продолжени за последен пат.

Иран и големите меѓународни сили продолжуваат со нуклеарните преговори во Виена и во среда, откако го пробија и вториот рок што си го поставија.

Преговарачите сега си дадоа рок до петок да дојдат до сеопфатен договор.

Западен дипломат во австрискиот главен град доцна во вторникот кажа дека разговорите со Иран не се „бесконечно отворени“ и дека биле продолжени за последен пат.

Пратеник од неименувана држава на новинарите им кажа дека е тешко да се види зошто и како би можеле да продолжат. Или ќе има договор во наредниве 48 часа, или нема да има“.

Висок ирански преговарач Абас Аракчи кажа дека „ниеден рок не е свет“, инсистирајќи дека Техеран би ги „продолжил разговорите колку што е потребно“.

Портпаролката на американската делегација Мари Харф, кажа дека САД „се повеќе загрижени за квалитетот на договорот отколку за часовникот“.

Белата куќа во вторник кажа дека знае оти „остануваат значителни разлики“.

XS
SM
MD
LG