Линкови за пристапност

Американките ја вратија пасијата за фудбалот во Вашингтон


Со победата врз Јапонија и резултат 5-2, во Ванкувер, Канада, САД ја освоија третата шампионска титула на Светскиот куп за жени.

Во најнов знак дека пасијата по фудбалот расте во САД, неколку стотици американски навивачи се собраа пред Белата куќа во неделата навечер да го прослават триумфот на нивниот национален тим на Светското првенство во фудбал за жени, со победата врз Јапонија.

Капитенката Карли Лојд имаше сензационален хетрик (три гола), вклучувајќи го и голот од средината на фудбалското игралиште, давајќи им на САД шокантна предност 4-0 на почетокот на натпреварот што лесно ја одржаа до крајот, поразувајќи го шампионот Јапонија со 5-2, во Ванкувер, Канада.

Ниеден тим во историјата не дал повеќе голови во финалето на Светскиот куп за жени.

Со оваа победа, Американките наплатија за поразот од Јапонија во финалето од 2011-та и ја заработија рекордната трета шампионска титула на Светското првенство.

XS
SM
MD
LG