Линкови за пристапност

Истополовите бракови легални секаде во САД


Претседателот Барак Обама кажа дека ова е голема победа за Америка.

Во моментов, истополовите двојки можат да склучат брак само во 36 сојузни држави во главниот град Вашингтон. Со одлуката Врховниот суд, тие ќе имаат право да го сторат тоа во сите 50 сојузни држави.

„Оваа одлука ќе стави крај на неизвесноста со која се соочуваат стотици илјади истополови двојки и ќе ги зацврсти сите наши заедници“, изјави претседателот Обама по историското гласање.

„Америка треба да биде многу горда“, додаде тој.

Ова става крај на дводецениските постапки во Врховниот суд во врска со правото на брак и другите права на истополовите двојки.

XS
SM
MD
LG