Линкови за пристапност

Партиските водачи во Македонија се договорија за нова средба


Новата средба закажана за 29-ти јуни: еврокомесарот Јоханес Хан со партиските водачи Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи по средбата на 2-ри јуни
Новата средба закажана за 29-ти јуни: еврокомесарот Јоханес Хан со партиските водачи Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи по средбата на 2-ри јуни

Посветеност на договорот од 2-ри јуни и поддршка на транспарентното менаџирање од ЕУ, стои во заедничкото соопштение

„Ние, лидерите на главните политички партии денеска се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата целосна посветеност на Договорот од 2. јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29. јуни. Ние, исто така, го поддржуваме транспарентното менаџирање од страна на ЕУ со текстот на овој договор како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на владеењето на правото, кои ќе бидат спроведени во интерес на сите граѓани“, стои во заедничкото соопштение на водачите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи по денешната едночасовна средба.

Водачите на политичките партии немаа изјави за медиумите, па заедничкото соопштение со коешто се обврзуваат да останат посветени на постигнатиот договор од 2-ри јуни и на имплементацијата на препораките на експертската група на ЕК, во коишто се наведени нивните ставови за работа на Управата за државна безбедност, судството и Обвинителството, за изборниот модел и за слободата на медиумите, како и препораките за надминување на проблемите.

Преговорите ќе продолжат на 29-ти јуни кога ќе се разговара за механизмите за имплементацијата на препораките и за преодната влада во Македонија којашто ќе биде задолжена за имплементација на препораките на ЕК.

Медиумите денес објавија дека ситуацијата во Македонија ќе биде тема на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во понеделник во Луксембург, каде што шефовите на дипломатиите на члнеките на ЕУ за ситуацијата во Македонија ќе разговараат со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини. Заклучоците коишто ќе ги донесе Советот на ЕУ, во четврток и петок следната недела ќе ги усвојуваат претседателите на државите и владите на членките на ЕУ.

XS
SM
MD
LG