Линкови за пристапност

Фатен осомниочениот за масакрот во црквата


Полицијата го приведе 21-годишниот Дилан Сторм Руф

Лицето осомничено за убиство на девет лица доцна во средата во Африканско-Американска црква во југоисточниот американски град Чарлстон, во Јужна Каролина, е фатено.

Потрагата по 21-годишниот Дилан Сторм Руф заврши рано во четвртокот во соседната сојузна држава Северна Каролина, на околу 400 километри од местото на инцидентот.

Американскиот Оддел за правда вели дека отворил истрага за криминал од одмазда по масовното убиство.

Шефот на полицијата на Чарлстон на новинарите им кажа дека Руф, белец, седел со верниците најмалку еден час во црквата пред да отвори оган. Неколку други лица се ранети во масакрот.

Во говор во четвртокот, очигледно фрустриран претседателот Барак Обама го покрена прашањето за повторителни масовни убиства низ САД.

„Тоа не се случува на други места со таква фрекфентност. До нас е нешто да сториме за тоа“, кажа Обама од Белата куќа.

XS
SM
MD
LG