Меѓународните кредитори бараа во четврток Грција да предложи економски реформи што ќе ја прекинат пат-позицијата во разговорите за помош на државата.
На Грција и` беше неотповикливо негирана секаква можност за одлагање или грејс-период да го врати долгот на ММФ, додека министрите за финансии од Еврозоната и раководителите од ММФ и Европската централна банка се подготвуваат за средба во Луксембург за антиципираната криза.
Германската канцеларка Ангела Меркел, чија држава е најголем кредитор на Грција, на германските законодавци во парламентот порано во четвртокот им кажа дека „е се` уште уверена“ оти договор е можен.
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис индицираше дека нема да поднесе нови предлози, но рече дека „со задоволство ќе ислуша идеи“. „Намерата е да се замени скапoото разидување со ефективен консензус“, рече тој.
Состанокот на министрите за финансии е закажан за следната недела. Тогаш ќе се одлучи дали дали меѓународните кредитори ќе одобрат други 8,2 милијарди помош пред рокот 30 јуни, до кој Грција треба да отплати 1,8 милијарди на ММФ.