Линкови за пристапност

Собранието ги изгласа измените на Законот за азил


Измените беа усвоени со 69 гласа за и ниеден против.

„Станува збор за гранична линија што не може херметички да се затвори. Некои од мигрантите се во многу лоша здравствена состојба. Во првите месеци имало 12 пријави до МВР за разбојништва врз мигранти кои биле нападнати и ограбувани. Свесни сме дека Македонија не е нивна цел, но Македонија одвоила седум милиони денари од буџетот за нивниот престој во Прифатниот центар “, рече Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на почетокот на собраниската седница, образлагајќи го владиниот предлог.

Новите измени предвидуваат мигрантите кои ќе ја поминат границата за 72 часа или да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.

Од министерството за здравство информираа дека е донесена одлука да се вакцинираат сите мигранти кои ќе престојуваат во Македонија, а Комисијата за заразни болести подготвува план за имунизација.

XS
SM
MD
LG