Линкови за пристапност

Распит за Исламската држава во Конгресот


Повикани се да сведочат Секретарот за одбрана и Началникот на Здружениот генералштаб.

Стратегијата на претседателот Барак Обама за справување со милитантите на Исламската држава се очекува да биде во фокусот на денешниот конгресен распит на којшто ќе учествуваат секретарот за одбрана и началникот на Здружениот генералштаб.

Сведочењето на секретарот Аш Картер и генералот Мартин Демпси во Комисијата за армиски служби на Претставничкиот дом, се случува една недела откако претседателот Обама соопшти дека во Ирак ќе испрати дополнителни 450 американски војници во советодавна улога. Тие би биле стационирани во провинцијата Анбар, како дел од напорите им се помогне на ирачките сили да ја преземат контролата врз главниот град Рамади и други области од рацете на Исламската држава. Претседателот даваше отпор на повиците на критичарите за додавање американски копнени трупи во борбата, потпирајќи се, наместо тоа, на кампањата на преку 4.500-те воздушни напади врз цели на ИД во Ирак и Сирија, во изминатите 10 месеци.

XS
SM
MD
LG