Линкови за пристапност

Ал-Каида вели дека лидерот на јеменскиот огранок бил убиен


САД велат дека работат на потврдување на смртта на Вухајши, но не кажаа дали ЦИА е зад нападот со беспилотно летало

Ал-Каида во вторник кажа дека Насир ал-Вухајши, заменик-лидер на нејзиниот моќен јеменски огранок, бил убиен во напад со американско беспилотно летало минатата недела.

На видео снимка групата кажа дека петочниот напад во југоисточниот пристанишен град Мукала го убил Вухајши и други двајца. Групата го именувала Ќасим ал-Рими за нов лидер на ал-Каида на Арапскиот Полуостров.

Американски официјални лица доцна во понеделникот кажаа дека работат на потврдување на смртта на Вухајши, но не кажаа дали ЦИА е зад нападот со беспилотно летало.

Вухајши бил и заменик на водачот на Ал-Каида, Ајман ал-Завахири, а своевремено и помошник на Осама Бин Ладен. Застанал на чело на Ал-Каида на Арапскиот Полустров – според САД најопасниот огранок, во 2009-та.

XS
SM
MD
LG