Линкови за пристапност

Либиски милитанти не го именуваат Белмоктар како загинат


Главна цел на американскиот воздушен напад во кој биле убиени 37 лица бил Белмоктар, но за сега нема доказ за смртта ни од американска страна

Група поврзана со ал-Каида во Либија објави листа на имиња на загинати во Либија за време на американскиот воздушен напад, но не го вклучи Моктар Белмоктар, главната цел на нападот.

Соопштението на Ансар ал-Шариа негира дека некој друг е убиен.

Бомбардирањата беа првите американски воздушни напади во Либија од востанието во 2011-та во кое беше соборен лидерот Моамер Гадафи. Американски официјални лица не ја потврдија смртта на Белмоктар, кој беше висок лидер во ал-Каида во Исламски Могреб, пред да формира своја група позната како Баталјон по крв, во 2012-та.

САД го обвинуваат за предводење на нападот во 2013-та на објект за гас во Алжир во кој беа убиени 37 лица, вклучувајќи и тројца Американци. Американските федерални обвинители го обвинуваат Белмоктар за повеќе дела поврзани со тероризам по бомбашкиот напад, вклучувајќи заговор за поддршка на ал-Каида, користејќи оружје за масовно уништување, и заговор за земање заложници.

XS
SM
MD
LG