Линкови за пристапност

Близок соработник на Клинтон ќе сведочи во Конгресот за Бенгази


Сидни Блументал ги предал имеил пораките испратени до Хилари Клинтон за ситуацијата во Либија, но распитот ќе биде зад затворени врати

Долгогодишниот близок соработник на поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, во вторник ќе сведочи пред специјална конгресна комисија што го истражува смртоносниот напад на американското дипломатското претставништво во Бенгази, Либија, во 2012-та.

Сидни Блументал на комисијата во Претставничкиот дом зад затворени врати ќе и` каже за серијата имеили испратени до Клинтон во врска со ситуацијата во Либија по соборувањето на долгогодишниот диктатор Моамар Гадфи во 2011-та. Блументал бил близок со двајцата, Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, уште откако служел како соработник на претседателот Клинтон за време на неговата администрација. Тој испратил имеил пораки на личната адреса на Хилари Клинтон што таа ја користела за време на функцијата како државна секретарка, процес што доведе до масивна критика и обвинувања дека таа криела информации.

Блументал ги предал пораките на комисијата минатата недела одговарајќи на судски налог. Тие пораки не беа дел од стотиците пораки во врска со нападот во Бенгази што Стејт департментот ги предал на Претставничкиот дом порано годинава.

Нападот на американското дипломатско претставништво во Бенгази остави четворица Американци мртви, вклучувајќи го и амбасадорот на САД во Либија, Кристофер Стивенс.

Клинтон, фаворит за номинација од Демократската партија во изборите во 2016-та, призна дека користела приватен сервер и имеил адреса за време на нејзиниот мандат како државна секретарка од 2009-та до 2013-та.

XS
SM
MD
LG