Линкови за пристапност

Курдските сили презеле снабдувачка рута на Исламската држава во Сирија


Борбите во областа натераа илјадници Сиријци да пребегаат во Турција и да ги префрлаат децата преку бодликава жица на безбедно

Паравојниците кои се борат против милитантите на Исламската држава во северна Сирија велат дека го заземале главниот пат што го поврзува пограничниот град Тал Абјад со седиштето на Исламската држава во Рага.

Со денови долгата камапања за протерување на борците на Исламската држава од подрачјето по должина на сириската граница со Турција продолжува, но снабдувачката рута била прекината во понеделникот, според курдски официјални лица.

Борбите во областа натераа илјадници Сиријци да побараат засолниште во Турција, префрлајќи ги децата преку бодликава жица на безбедно, на турска страна, последниве денови, за да им се придружат на според проценките 1,5 милиони други Сиријци кои пребегале од борците на Исламската држава и внатрешни борби меѓу про и анти-владини сили.

Во Турција, опозиционите политичари ја обвинуваат владата дека им дозволува на поддржувачите на Исламската држава и опрема да тече во Сирија, во обид да се дестабилизира претседателот Башар ал-Асад. Високи официјални лица ги негираа овие тврдења.

Коалиционите воздушните напади предводени од САД продолжија во текот на ноќта, со три напади во Сирија и 16 во Ирак.

XS
SM
MD
LG