Линкови за пристапност

Американски воздушен напад во Либија


Американски претставници кажаа дека целта бил милитантниот лидер поврзан со ал-Каида Моктар Белмоктар, но не се знае дали е убиен.

Американскат армија во неделата кажа дека се обидува да утврди дали во воздушниот напад во Либија е убиен милитантниот лидер поврзан со ал-Каида Моктар Белмоктар.

Меѓународно признаената влада на Либија кажа дека нападот се случил во саботата во источниот дел на државата и дека во него е убиен Белмоктар.

Во соопштение доцна во неделата, американскиот Оддел за одбрана не даде потврда за смртта на Белмоктар, но портпаролот, полковникот Стив Ворен кажа дека официјално се верува дека нападот бил успешен.

„Можам да потврдам дека целта на нападот од синоќа во Либија, беше Моктар Белмоктар“, рече Ворен. „Нападот беше изведен од американски авион. Ние продолжуваме да го оценуваме резултатот на операцијата и ќе дадеме повеќе детали кога ќе биде време“.

Американскиот Стејт департмент објави награда од пет милиони долари за Белмоктар, лидерот на групата што себе си се нарекува Баталјон по крв. Американски претставници го обвинуваат за водство на терористичкиот напад од

2013 на објект за гас во Алжир, во кој биле убиени 37 лица, вклучувајќи тројца Американци.

XS
SM
MD
LG