Линкови за пристапност

Џеб Буш ја објавува кандидатурата


Во понеделник во Мајами поранешниот гувернер на Флорида ќе објави дека официјално влегува во трката за претседател од Републкиканската партија.

Поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, син и брат на американски претседатели, треба официјално да ја објави својата кандидатура за претседател во понеделник во Мајами, со што ќе стане 11-ти републиканец во трката.

Буш собра голема сума готовина за неговата кампања и на почетокот се сметаше за водечки републикански кандидат. Но, последните национални политички истражувања на јавното мислење покажуваат дека е рамо до рамо со двајца други кандидати – сенаторот од Флорида Марко Рубио, кој веќе има објавено дека е во трката, и гувернерот од Висконсин, Скот Вокер, кој се` уште не објавил официјално дека се кандидира.

Во меѓувреме, водечката претседателска кандидатка од Демократската партија, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, води кампања во Ајова, барајќи волонтери во држвата што во првиот претседателски обид во 2008-ма во голема мерка ја игнорираше.

На почетокот на следната година, демократите и републиканците на Ајова први ќе излезат на гласање на партиски кокуси за претседателските избори кои ќе продолжат во сите други сојузни држави за избор на кандидати кои ќе се соочат во националните претседателски избори. Победникот ќе го замени претседателот Барак Обама на функцијата, во јануари 2017-та.

XS
SM
MD
LG