Линкови за пристапност

Синдикатот вели дека упадот на хакерите е поголем отколку што се мислело


Трудовиот синдикат на лица вработени во федералната влада вели дека се засегнати сите сегашни и поранешни владини работници.

Американскиот трудов синдикат вели дека хакери сега поседуваат чувствителни лични информации за вработените во федералната влада по големиот кибернетски упад за кој американски официјални лица кажаа дека потекнал од Кина.

Американската федерација на владини работници ова го соопшти во четвртокот во писмо до Канцеларијата за менаџмент на персоналот, или ОПМ, агенцијата за човечки ресурси која беше цел на нападот.

„Хакерите сега имаат во сопственост дата на податоци за секој федерален владин работник, за секое пензионирано лице од владата, и за околу еден милион поранешни федерални работници“, кажа претседателот на синдикатот Дејвид Кокс во писмото.

ОПМ минатата недела кажа дека околу четири милиони сегашни и поранешни федерални работници може да биле погодени од декемврискиот кибернетски упад, што се смета за најекстензивно пробивање на податоци за владиниот персонал со години наназад.

XS
SM
MD
LG