Напорите на претседателот Обама да го обезбеди амбициозниот азиско-пацифички договор за слободна трговија ќе бидат на голем тест во петок, кога Претставничкиот дом ќе гласа за тоа дали да го продолжи круцијалниот авторитет на Белата куќа за преговори „по брза линија“.
Не е јасно дали предлог-законот ќе има доволно поддршка од демократите на претседателот, од кои многумина се загрижени за Транс-пацифичкото партнерство или ТПП, трговски договор кој би испратил повеќе американски работни места во странство и би и` наштетил на животната средина.
Републиканците генерално поддржуваат такви договори за слободна трговија, но многумина од партијата не се многу волни да играат улога во давањето на Обама тоа што тие го сметаат за голем политички успех, особено пред изборите во 2016-та.
Легислативата „по брза линија“, позната како Промоционален трговски авторитет, или ТПА, би и` овозможило на Белата куќа да преговара за азискиот трговски договор со 12 држави и други слични на нив без да му се дозволи на Конгресот да прави какви било промени во договорите кога тие ќе дојдат на гласање за одобрување или отфрлање.