Линкови за пристапност

Кина предупредила американски шпионски авион


Авионот минал над вештачки острови што Кина ги тврди дека се нивни, но за делови истото го тврдат и Филипините, Малезија, Брунеи и Тајван.

Има извештаи дека кинеската морнарица објавила осум предупредувачки пораки до шпионски авион на американската армија кој преминал преку група вештачки острови што Пекинг ги користи за да ги осигура своите тврдења за територијалност во спорното Јужно Кинеско Море.

„Ова е кинеската морнарица, ве молиме веднаш да заминете“, кажал глас на англиски, според извештај на ЦНН, на чии новинари им било дозволено да летаат на американскиот шпионски авион П8-A Посејдон во среда.

ЦНН вели дека најмодерниот шпионски авион на американската морнарица минал на висина од 4.500 метри над архипелагот на Островите Спратли, кои се на 1.000 километри од брегот на главното копно на Кина.

Американски официјални лица изразија зголемена загриженост за кинеските територијални тврдења на седум локации на Островите Спратли, чии делови исто така за свои ги сметаат Филипините, Малезија, Брунеи и Тајван.

XS
SM
MD
LG