Линкови за пристапност

Калифорнија во вонредна состојба заради излив на нафта


Се проценува дека дека повеќе од 100.000 галони нафта може да се одлеале пред протекот да бил запрен доцна во вторникот.

Западната американска држава Калифорнија објави вонредна состојба за областа на крајбрежјето погодена од едно од најлошите нафтени излевања во поновата историја на државата.

Гувернерот Џери Браун објави прокламација за вонредна состојба доцна во средата, еден ден откако беше откриено излевањето во близина на градот Санта Барбара. Прокламацијата ослободува специјални државни фондови за помош во чистењето.

Изливот се јавува дека дошол од пробивање на нафтовод на крајбрежјето. Официјални лица проценуваат дека повеќе од 100.000 галони нафта може да се одлеале пред протекот да бил запрен доцна во вторникот, и околу 21.000 галони може да се исипале во областа на плажите.

Портпаролката на Крајбрежната гарда на САД кажа дека изливот се протега во должина од 15 километри по крајбрежјето. Од почетокот на напорите за чистење во среда, повеќе од 6.000 галони нафта биле собрани.

Компанијата која раководи со нафтоводот, Plains All American Pipeline LP, се извини и кажа дека врши непрекината операција на чистење.

Таа област на крајбрежјето е позната по едно од најголемите излевања на нафта во 1969. Тоа излевање инспирираше движење во САД за заштита на животната средина што продолжува да биде активно.

XS
SM
MD
LG