Линкови за пристапност

Обама: Климатските промени предизвикуваат ризик за националната безбедност


Претседателот зборува пред дипломците на Националната гарда, во Конектикат

Американскиот претседател Барак Обама вели дека глобалните климатски промени претставуваат непосреден ризик за националната безбедност на државата, зголемувајќи ја можноста за природни катастрофи и хуманитарни кризи.

Американскиот лидер зборува во среда, на церемонија за дипломирање во Академијата за крајбрежна гарда на САД, во Нов Лондон, Конектикат. Белата куќа вели дека Обама ќе им каже на дипломците дека ефектите на климатските промени ќе имаат влијание на одбраната на САД и дека светот итно треба да постапи во борбата против растечките температури на планетава.

Белата куќа вели дека Пентагон ја проучува ранливоста на над 7.000 армиски бази и други објекти заради климатските промени и можноста за зголемени барања од Националната гарда по честите несреќи на вода.

XS
SM
MD
LG