Линкови за пристапност

Врховниот лидер на Иран не дава приод до научниците


Под никаков договор со светските сили, Ајатолахот Али Каменеи кажа дека Иран нема да попушти пред „претерани барања“

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Каменеи во среда кажа дека меѓународните инспектори нема да добијат приод до научниците во неговата држава или до армиските локации под никаков нуклеарен договор со светските сили.

Тој исто така кажа дека Иран нема да попушти на „претерани барања“.

Преговарачите од Иран и групата што ги вклучува Британија, Кина, Франција, Русија, САД и Германија работеа на деталите на конечниот договор за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за ослободување од санкции.

Тие постигнаа рамковен договор минатиот месец и си дадоа рок до 30 јуни за конечен договор.

Разговорите продолжуваат во среда во Виена со експерти од двете страни.

Иран инсистира дека нивната нуклеарна програма е за мирољубиви цели со апликации за медицинско истражување и производство на струја, но дека не развива нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG