Линкови за пристапност

Закани за американскиот финансиски систем


Американските регулатори предупредуваат на кибернетски закани

Американските регулатори изразија загриженост за потенцијален кибернетски напад што би можел „значително да ја поремети работата на финансискиот систем“ , при годишното претставување на предизвиците со кои се соочува економскиот сектор.

Извештајот од Надзорниот совет за финансиска стабилност, објавен во вторникот, цитира големо пробивање во податоците на американските трговски компании изминатава година и кибернетски напад што ги онеспособи компјутерите на Сони и ја нагласи потребата да има план за одговор на нападите.

„Злонамерна кибернетска активност најверојатно ќе продолжи, и организации од финансискиот сектор би требало да бидат за ублажување на заканата што ја претставуваат кибернетските напади кои имаат потенцијал да уништат критична дата на податоци и системи и да ги ослабе операциите“, вели извештајот.

Секретарот за финансии Џек Лу е претседавач на советот што исто така вклучува високи финансиски регулатори како шефицата на Федералните резерви Џенет Јелен и раководителите на Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за размена, како и Корпорацијата за осигурување на федерални депозити.

При презентирање на извештајот Лу кажа дека панелот ја нагласил потребата компаниите и владата да ги споделуваат информациите.

Извештајот исто така бара технолошки подобрувања за засилување на кибернетската безбедност, велејќи дека посебно „финансискиот сектор е многу зависен“ од меѓусебната поврзаност на компјутерските системи.

Советот бил креиран во 2010 по финансиската криза со задача да ги идентификува ризиците што може да претставуваат закана за стабилноста на американскиот финансиски систем.

XS
SM
MD
LG