Извршната директорка на Комисијата за обука за кривично право на државата Вашингтон вели дека „јавната верба во американското одржување ред е разнишана.“
За време на распит во Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом во вторник, Су Рар кажа дека националната конверзација за културата и праксата на одржување на редот била поттикната од инцидентот во Фергусон, Мисури, минатото лето и објавувањето на вознемирувачки видеа секои неколку недели.
Рар кажа дека нема единствен опис на полициската култура во САД. Таа рече дека има 18.000 поединечни полициски оддели, и секој од нив зема насоки од 18.000 локални влади.
Шерифот Дејвид Кларк од општината Милвоки, Висконсин, на комисијата кажа дека полициската употреба на сила треба да биде приспитана „во смисла на дата на факти и околности“.