Линкови за пристапност

Објавувањето на електронската пошта на Клинтон се најавува за јануари


Контроверзните пораки од приватната адреса на Хилари Клинтон би биле објавени непосредно пред гласањата во Ајова и Њу Хемпшир.

Американскиот Стејт департмент предложи објавување на приватните електронски пораки од кандидатката за претседател на САД, Хилари Клинтон на почетокот на 2016-та.

Стејт департментот предлогот го даде во понеделник утрото, како одговор на судската постапка покрената врз основа на Актот за слобода на информирањето.

Клинтоновите имеили станаа предмет на контроверза порано годинава кога беше откриено дека за време на нејзиниот мандат како државна секретарка, од 2009 до 2013, таа водела најголем дел од комуникацијата преку приватна имаил адреса наместо да ја употребува адресата на Стејт департментот.

Стејт департментот вели дека има околу 55.000 страници на имеил пораки од приватната адреса на Клинтон да ги подготви за објавување на нивната Интернет страница, и дека ревизија на имеилите ќе трае до крајот на годината. Предложениот датум на објавување е 15 јануари, 2016.

Клинтон, која се смета за фаворит за добивање на демократската номинација следната година, кажа дека сака имеилите да бидат објавени што е можно побрзо.

Објавувањето во јануари 2016-та ќе дојде непосредно пред прелиминарните избори во Ајова и Њу Хемпшир, и двата настани од круцијално значење за кандидатите за претседател на САД.

XS
SM
MD
LG