Друг американски републикански сенатор , Линдзи Грем од Јужна Каролина, вели дека се кандидира за партиска претседателска номинација во 2016-та.
Грем, долготраен критичар на тоа како претседателот Барак Обама се справува со Блискиот исток и милитантите на Исламската држава, се приклучува на полето на републикански кандидати кои бараат партиска номинација.
Грем кажа дека ќе има формална најава на кампањата на 1-ви јуни во неговата домашна држава, но на ЦБС телевизијата кажа дека се кандидира „зашто светот се распаѓа“ и дека бил „повеќе во право отколку што грешел за надворешната политика“.