Линкови за пристапност

Закани против полицијата по насилството изминатиов викенд


Во тексашкиот град Вако се сретнале членови на најмалку пет моторџиски банди меѓу кои избил судир оставајќи деветмина мртви, 18 ранети и 192 уапсени.

Полицијата останува во состојба на зголемена готовност во понеделник во југозападната американска држава Тексас, по судирот на ривалски моторџиски банди што ја потресе заедницата Вако на околу 150 км јужно од Далас.

Наредникот на полицијата на Вако, Патрик Свантон, кажа дека 192 лица биле уапсени по обвиненија дека биле ангажирани во организиран криминал по неделното пукање што остави деветмина моторџии мртви и најмалку 18 други ранети.

На прес конференција во понеделникот Свантон кажа „добивавме закани спрема полицајците преку целата ноќ од различни моторџиски групи“.

Тој додаде, „знаеме дека некои од нив дошле во нашиот град и ние имаме план во случај да треба да се справиме поединците кои се обидуваат овде да предизвикаат проблеми.“

Свантон кажа дека насилството во неделата започнало во раното попладне во ресторан лоциран во прометен трговски центар во Вако, каде членови на најмалку пет ривалски банди се собрале за средба.

Тој кажа дека полицајците пукале во наоружани моторџии иако Асошиетед прес објави дека не било јасно дали некој од деветтемина убиени биле убиени од полицајци.

Свантон ја опиша внатрешноста на ресторанот како посипана со касети за куршуми, ножеви, тела и локви крв по насилството. Тој кажа дека околу 150 до 200 моторџии биле внатре во време на пукањето.

Шерифот на областа Парнел МекНамара, чија канцеларија е инволвирана во истрагата, кажа дека сите деветмина убиени биле членови на бандите Бандити или Козаци.

Бандитите, формирани во 1960-те, се инволвирани во трговија со кокаин, марихуана и метамфетамини, според американскиот Оддел за правда.

Агенти на ФБИ и Бирото за алкохол, тутун и огнено оружје и експлозиви им помагаат на локалните и државните власти во истрагата.

XS
SM
MD
LG