Линкови за пристапност

Железничкиот сообраќај продолжи во североисточниот коридор


По несреќата од минатата недела, Амтрак во понеделник ги обнови услугите што ги вклучуваат градовите Бостон, Њујорк и Вашингтон.

Амтрак започна со работа рано во понеделникот на Североисточниот коридор со голем промет што ги вклучува Бостон, Њујорк и Вашингтон. Тоа беше прв пат по речиси една недела железничкиот сообраќај да биде целосно оперативен по несреќата кај Филаделфија.

Претседателот на железницата, Џозеф Бордман, кажа дека Амтрак работел без прекин за продолжување на услугите по излетувањето од шините во вторникот навечер, при што беа убиени осум лица и повредени над 200 други.

Федералните регулатори наредија Амтрак да ја прошири употребата на системот за контрола на брзината во областа каде се случила несреќата. Возовите кои минуваат низ тој дел од железничката пруга ќе бидат раководени од систем што ги предупредува машиновозачите да го успорат возот кога оди премногу брзо и автоматски ги активира сопирачките.

Националниот борд за безбедност во сообраќајот во меѓувреме се фокусира на забрзувањето на возот во време кога се приближувал на кривината кусо време пред несреќата.

Машиновозачот на Амтрак, кој е меѓу повредените во несреќата, на властите им кажал дека не се сеќава на ништо од неколкуте минути пред излетувањето на возот од шините.

XS
SM
MD
LG