Линкови за пристапност

Американскиот државен секретар во Јужна Кореја


Пјонгјанг не е ни близу до разговори со Вашингтон за нивната нуклеарна програма, рече Кери по средбите во Сеул.

Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со јужнокорејската претседателка Пак Гун-хе и со Министерот за надворешни работи Јун Бјанг-се во Сеул за дискусии во врска со безбедноста на Корејскиот Полуостров и билатерални прашања.

На заедничка прес конференција по средбите во понеделник, Кери кажа дека Северна Кореја „не е ни близу“ до преземање чекори потребни за ставање под контрола на нивната програма за нуклеарно оружје за Вашингтон да иницира разговори, додавајќи дека е потребно да се зголеми притисокот врз Пјонгјанг.

Северна Кореја е веќе под тешки санкции на ОН заради нивните нуклеарни тестови.

Кери исто така кажа дека е веројатно Северна Кореја да биде предложена за постапка пред Меѓународниот кривичен суд доколку сегашните пркршувања на човековите права продолжат.

Во недела во Пекинг, Кери се сретнал со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Висок претставник на Стејт Департментот кажа дека тие дискутирале за заедничката определба денуклеаризацијана Корејскиот Полуостров и се согласиле на важноста за одржување на притисокот врз Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG