Линкови за пристапност

Кери уверен дека про-ирачките сили ќе го освојат назад Рамади


Милитантите на Исламската држава во неделата кажаа дека го заземале градот, но некои велат дека тој бил „опортунистичка цел“.

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази увереност во понеделник дека про-владините сили во Ирак ќе ја преземат контролата врз главниот град на провинцијата Рамади од борците на Исламската држава.

Зборувајќи еден ден откако милитантите тврдеа дека го заземале Рамади, Кери кажа дека тоа било „опортунистичка цел“ и дека е уверен оти ситуацијата ќе се врати во првобитна состојба „во наредните денови“.

Локални официјални лица кажаа дека тридневните борби во Рамади оставиле 500 мртви во градот лоциран на 125 километри западно од главниот град на Ирак, Багдад.

Ирачкиот премиер Хаидер ал-Абади ги повика паравојските да се соберат во градот. До понеделник, повеќе борци се јавува дека пристигнуваат во областа, која исто така е цел на дневни воздушни напади предводени од САД против Исламската држава, од минатата недела наваму.

Американскиот Оддел за одбрана одби да ја потврди изјавата од Исламската држава од неделата, велејќи само дека Рамади останува „флуиден и спорен“. Но други, вклучувајќи го и портпаролот на гувернерот на провинцијата Анбар, кажа дека владините војници бегаат од градот.

XS
SM
MD
LG