Линкови за пристапност

Обама: САД имаат „челична“ определба за Заливот


Претседателот на САД ги разувери арапските пријатели дека потенцијален договор со Иран не е закана за односот со нив.

Американскиот претседател Барак Обама се обиде да ги разубеди скептичните арапски лидери во четвртокот, за време на самитот, дека потенцијален нуклеарен договор со Иран нема да го стави во ризик нивниот однос со Вашингтон.

Претседателот Обама зборуваше за „челична“ безбедносна определба на САД со лидерите од Заливот и инсистираше дека ќе авторизира армиска сила доколку нивните држави бидат под закана од Иран или други.

Самитот во претседателското одмаралиште Кемп Дејвид северно од Вашингтон вклучи лидери и високи министри од шест нации на Советот за соработка со Заливот: Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Бахраин, Оман и Обединетите Арапски Емирати.

Сунитските заливски држави беа загрижени дека ангажирањето на Вашингтон со нивниот најголем ривал Иран може да ја претвори шиитската држава во поагресивна регионална сила.

XS
SM
MD
LG